МАНАСТИРОТ ЌЕ ДОБИЕ АВТЕНТИЧЕН ЛИК

Последна фаза за изградба на конакот во Св. Архангел Михаил

Istocniot konak na Sv.Arhangel MihailСе гради последната фаза на источниот конак во манастирот Св. Архангел Михаил во Варош, по што, според, Заводот и Музеј, ќе се врши внатрешното уредување на конакот. Паралелно, ќе се конзервира влезната порта на манастирскиот комплекс.

– По 150 години, на есен, манастирот ќе го добие конечниот изглед и целовитост – изјави Гордана Данилоска Спироска, директор на Заводот и Музеј.

При крај се и корекциите на проектот за обнова на конаците на Трескавец.

– Во јуни ќе се објави тендерот за изградба на опожарените манастирски конаци, откако проектот ќе се усогласи со законот. Сега се проектира конзервација на црквата, трпезаријата и магерницата. Трескавец ќе  го добие конечниот изглед во 2018 година. Финиш ќе биде конзервацијата на живописот – додава директорката, напомнувајќи дека ќе се проектира и конзервација на црквата во Зрзе, каде веќе се изградени новите монашки и владички конаци.

За градоначалникот Марјан Ристески, зафатите ќе влијаат на развој на манастирскиот туризам.

При крај е и реконструкцијата на старата куќа на Жеревци.

Loading