Во полн ек подготовките за 50-тото издание на МТФ ,,Војдан Чернодрински,,
На почетокот на јуни ќе започне 50. издание на МТФ “Војдан Чернодрински”. Подготовките за јубилејниот фестивал се во полн ек вели уметничкиот директор Петар Темелковски.
– До крајот на април треба да ги проследам пријавените претстави и во првата декада од мај да ја соопштам официјалната програма. Повеќе од половина од претставите сум ги гледал и можам да кажам дека сум задоволен од понудата. За јубилејот ќе има интересна програма во која љубителите на театарот ќе уживаат – вели Темелковски.
Тој најавува промоции на книги, изложби, како и издавање монографија за 50 години опстој на фестивалот што ќе ја подготви Јелена Лужина, со што годишнината за почит достојно ќе биде одбележана.
Задоволен е од Министерството за култура, од градот, но и од спонзорите кои, како и секоја година, и годинава максимално ќе дадат поддршка, прославата да мине најдостоинствено.
![]()

