ТОП 5 БРЕНДОВИ ЗА 2014 ГОДИНА ПО РЕПУБЛИКИТЕ ОД БИВША ЈУГОСЛАВИЈА

stobi flipsКомпанијата „Валикон“, специјализирана во спроведување на истражувања и мерења на пазарот за широка потрошувачка (FMCG – Fast-moving Consumer Goods) на бившите југословенски простори, ги публикува своите ранг-листи за потрошувачките трендови и за развојот на брендовите присутни во регионот секоја година. Неодамна излезе ранг-листата за Топ 5 најпрепознатливи брендови на пазарот во  2014 година, во земјите од бивша Југославија.

Според анализата спроведена од „Валикон“, компанија што ја мери јачината на брендовите за широка потрошувачка, „Стоби флипс“ на „Витаминка“ е најсилниот домашен бренд во Македонија. Вредноста на „Стоби флипс“, како и на другите брендови е измерена во 2014 година во неколку категории: препознатливост на брендот, лојалност на купувачите, перцепиран квалитет и асоцијации врзани за брендот.

Еве го редоследот на Топ 5 брендовите по Републики:

Интересен податок за ова истражување е тоа што во ранг листата на 5-те најсилни брендови во Македонија, покрај „Стоби флипс“, присутен е само уште еден македонски бренд – „Пелистерка“. Соодветно на тоа, македонските потрошувачи својата доверба ја даваат само на вистински докажаните и потврдени со квалитет брендови.

„Стоби флипс“ за првпат е произведен во мај, 1978 година. Оттогаш, па се до денес „Стоби флипс“ ги нема сменето ниту амбалажата, ниту, пак, неодоливиот вкус на кикирики, што го прават препознатлив бренд во Македонија, но и насекаде во светот каде се извезува. „Витаминка“ постојано го унапредува производот, но никогаш во насока да се промени вкусот, туку во насока на подобрување на квалитетот. Во 2001 година излегува „Чоко Стоби флипс“, како надополнување на крцкавиот флипс. Покрај основниот „Стоби флипс“ вкус, во 2004 година на пазарот излегуваат уште неколку вкусови под истиот бренд. Најпрво, „Стоби флипс“ – пица и сирење, а потоа следува и проширување на линијата на снекс производи со ново подбренд име – „Стоби рингс“ и „Стоби стикс“. Во 2011 година, „Витаминка“ ги воведе „Стоби рингс“ со вкус на скара и павлака – кромид и „Стоби стикс“ со вкус на хот-дог и кечап.

stobiflips

 

Препознатливоста на брендот „Стоби флипс“, неговиот неодолив вкус, со години непроменетата амбалажа – со мали корекции, крцкавоста и препознатливиот мирис на флипсот, се длабоко врежани во потсвеста на Македонците кои за 2014 година му го дадоа ова престижно, врвно признание.

Loading