СТАНОЈОСКИ СОВЛАДА ЧЕТВОРИЦА ГРЦИ ВО СОЛУН

Шах

Најактивните шахисти на меѓународна сцена, ВМ Звонко Станојоски и ФМ Роберт Велески учествуваа на силниот турнир “ОПЕН Вардарис” во Солун, Грција. Велемајсторот очекувано го освои високото второ место со 5, 5 поени, само половина помалку од првиот, Бугаринот Ради Данов, кој до врвот стигна од 13. стартна позиција на аутсајдер. Станојоски загуби само од Гркот Галопулос, но собори четворица негови сонародници, плус Англичанец. Ремизираше со Србинот ФМ Свичевиќ. Наградата е пехар и 300 евра. Велески беше меѓу фаворитите за висок пласман, со оглед на четвртото место од стартот, според рејтингот. Добро тргна со победи над двајца Грци, реми со Кесидис, но следеа порази од ФМ Свичевиќ и првакот Данов. Последните две реми, беа доволни за 16. место.

Учествуваа 45 шахисти од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и Англија.

Loading