ПЕТКОСКИ ПОВРЕДЕН

Ракомет

Проблем за машкиот ракометен суперлигаш Прилеп е повредата на крилото Менде Петкоски. Отсуствува од тренинзите и се лекува, но неизвесно е дали ќе се опорави до стартот на пролетниот дел, на 7 март. Без него тимот не е истиот. Ммеѓутоа, во ракометот повредите се нормална појава. Се очекува тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески да најде решение. Во екипата има конкуренција за секое место и секој ракометар ја посакува шансата за настап.

Во меѓувреме, одиграни се пет меча, за дотерување на играта, а во втор план се резултатите. Тие се солидни, покрај двата пораза од вториот Вардар (на гости 31-32, дома 30-35), постигнати се победи кај Кастриоти во Урошевац (37-32), а дома со Охрид (32-27). Синоќа беше реваншот во Охрид. Генералната проба е в сабота, а противникот и местото веќе се договараат. Навивачите многу очекуваат од продолжението, со оглед на одличните изданија есеноска, кои доведоа до третото место на табелата. Екипата нема големи измени, дојде пивотот Димитровски, па со оптимизам се чека првиот нареден првенствен дуел во Радовиш.

Loading