СОУ “Ѓорче Петров”
Во СОУ “Ѓорче Петров” навратија претставници на ОБСЕ и од тимот за безбедни училишта да осигураат услови во кои учениците ќе растат, ќе се развиваат и ќе учат во хармонична и безбедна средина. Директорот Дејан Димоски, заедно со колегите и учениците го презентираа почнатиот проект.
– Првин е детето да ја знае разликата меѓу доброто и злото, а едукаторот го подучува детето да не го замени доброто со неактивност, а злото со активност, оти здравата и безбедната средина е императив за здрави и среќни деца. Политиката на јакнење на капацитетите на вработените за да можат поефикасно да се справат со секој предизвик, ја наметнува потребата постојано да се работи со учениците, наставниците, родителите и стручните служби – вели Димоски.
Во рамките на проектот, се подготвува просторија за учениците и наставниците тимот за безбедни училишта, која ќе послужи и како центар за медијација меѓу врсниците.
– Задоволни сме од контактите со ОБСЕ. Проектот ќе обезбеди подобрување на работната клима, намалување на секаков вид насилство, како и подобрување на односите меѓу сите субјекти во училиштето – додаде директорот.
При дискусијата беа споделени и идеи за кои и двете страни се сретнаа со исто мислење и интерес, а од ОБСЕ ветија безрезервна помош во нејзиното опремување.