,,ОДБЛЕСОК НА ГЛУВИТЕ“ ОД ЈАНА КУНОВСКА

Изложба

“Одблесок на глувите” е насловот на изложбата со 15 слики и монотипии од Јана Куновска што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков”.

– Како заробеност меѓу два света, тој на живите и вечниот на никогаш вратените, се мешаат помисли разни што животот во нас уште ги дразни. Страст што треба да нé воскресне од меланхолијата. Чудесна тајна што треба да се одвитка, детали, сочните од исчашени агли на цртежот, измерен со пропорции на врвност кои лежат тишина некаква – вели Владо Манчевски.

Куновска завршила ФЛУ во Скопје. Во 2009 година магистрирала на истиот факултет. Докторант е во Белград.

Имала повеќе изложби низ Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија, Германија, Словенија и добитник е на повеќе награди и признанија. 

Loading