ПРОМОЦИЈА НА “ИДЕНТИТЕТ И СУВЕРЕНИТЕТ” ОД ДИМИТАР МИРЧЕВ

Во Библиотека

“Идентитет и суверенитет” од Димитар Мирчев е книгата што ќе биде промовирана в четврток во 12 часот во Библиотеката. Промотори ќе бидат Братислав Ташкоски и Бранко Цветковски. 

Во третата книга, Мирчев пишува за македонскиот национален идентитет, за кој авторот тврди дека не е целосно признаен. Тезите ги поткрепува со анализа од англиски, француски, германски и други извори од 18 и 19 век.    

Loading