НОВИ ДВЕ ИЛЈАДИ ВРАБОТУВАЊА

Од октомври со американската инвестиција на Гентерм

Dobredojde na Amerikanecot  Jork Evert   posaka RisteskiСтартува изградбата на фабриката на американската компанија Гентерм во Прилеп, која од октомври ќе профункционира, а во која ќе се вработат 2000 прилепчани. Ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како Бентли, Рено, БМВ, Порше, Фиат. Американската инвестиција во економската зона е вредна 20 милиони евра. Договорот официјално го потпишаа владини претставници и првиот човек на компанијата, Јорк Еверс.

Во првата фаза е предвидена градба на објект од 6,5 илјади метри квадратни и вработување на илјада лица.

– Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи констатиравме дека Македонија е најдобриот избор – изјави  Јорк Еверс, директорот на компанијата Гентерм. 

Според него, вложувањето е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа.

Според градоначалникот Марјан Ристески, инвестицијата е значајна за подобрување на локалната економија и за намалување на невработеноста. Ќе се овозможи работа за домашните градежни фирми, а потоа за локални услужни фирми.

– Со градбата на фабриката, паралелно ќе се гради инфраструктурата. Локалната самоуправа ќе понуди комплетна логистика за спроведување на оваа инвестиција. Ќе биде финансиски погодна за Прилеп – посочи Ристески, истакнувајќи дека со отворањето на фабриката во зоната во Прилеп се отвора нова можност за работа на прилепчани што работат во Кавадарци и во Битола.

– Во тек е изборот на менаџерскиот тим и на лицата кои ќе се вработат, а многу скоро ќе почнат и обуките во фабриката на Гентерм во Украина – информира директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо. 

Според проекциите, компанијата ќе гради фабрика со површина од 21.000 метри квадратни. Паралелно со активностите околу градбата што треба да стартуваат идната недела, се подготвува и зоната во Прилеп.

Гентерм е глобална, брзорастечка компанија која произведува електроуреди за регулирање на термална енергија во автомобилите. Брои вкупно 9000 вработени во капацитетите во САД и Украина, а годишно од продажбата реализира 800 милиони долари.

Погонот што ќе се отвори во Прилеп, според најавите, ќе биде современ, со најмодерна технологија.

Loading