УНГАРСКИ АПЕТИТ ЗА БИЗНИС КЛИМАТА

За поволната бизнис клима во општинава, интерес изразија и неколку унгарски фирми кои сакаат да соработуваат со прилепски компании, особено на полето на прехраната, машинската индустрија и информатичката технологија. Предводени од  унгарскиот амбасадор Јозеф Бенце и почесниот унгарски конзул Сашо Јанакиевски, стопанственици од Унгарската национална трговска комора се запознаа со бизнис можностите и поволностите за вложување во Прилеп. Унгарскиот амбасадор при средбата со градоначалникот Марјан Ристески ја изрази добрата соработка и на политички и економски план и поддршката на Македонија во евроатланските аспирации преку стопанската соработка. 

Loading