ИНФРАСТРУКТУРА ЗА РАЗВОЈ

Општина Кривогаштани со најамбициозен буџет

Patista, ulici i zdravstvo vo Opstinata - Toni ZatkoskiПодобрување на инфраструктурата како услов за економски развој е акцентот кој ќе биде ставен во годинашната програма на Општината Кривогаштани, која располага со најамбициозен буџет досега од три ипол милиони евра. Најголем дел од од парите од општинската каса ќе одат на подобрување на инфраструктурата и  реконструкција на регионалниот патен правец Кривогаштани – Воѓани, на локалниот пат Кореница – Годивле, како и за изградба и реконструкција на сточниот и зелениот пазар.

– Во делот на патната инфраструктура, главен акцент се става на почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани – Воѓани. Тоа е инвестиција од над еден милион евра. Преку Светската банка планирани се асфалтирања на повеќе улици не само во Кривогаштани, туку и во селата Пашино Рувци, Врбјани, Боротино, Бела Црква, Обршани и Кореница – вели градоначалникот Тони Заткоски.

Предвидено е изградба на нов зелен пазар и на сточниот пазар, чија заедничка релазизација е инвестиција од над 500 илјади евра.

– Кривогаштани ќе добие модерен комплекс, вклучувајќи го регионалниот сточен пазар, кој ќе биде најголем и најсовремен во Македонија со исполнети европски стандарди, заедно со веќе изградениот паркинг кој е негов составен дел. Градежните активности продолжуваат. Се работи на покривната конструкција, боксовите за крупен и ситен добиток и административната зграда. Се планира и зелен пазар – вели Заткоски.

Во Кривогаштани, во рамките на зацртаните планови и програми, продолжува адаптацијата на објектот за итната медицинска помош.

Vo Kriogastani se gradi najmodereniot stocen pazar vo zemjava– Приоритет е подобрувањето на примарната здравствена заштита. Пролетва треба да профункционира амбулантата за итна помош, но и рентген служба. Пунктот на брзата помош од Прилеп е проект на Владата, односно од Министерството за здравство. Со одобрение на министерот, планираме да отвориме и рентген служба, за која, иселениците обезбедија рентген апарат, така што само ќе го адаптираме просторот во амбулантата во Кривогаштани и сите услуги ќе бидат достапни до населението – вели Заткоски.

Со финансиска владина поддршка ќе продолжат инвестициите во образованието со изградба на спортска сала, но и на повеќе наменско спортско игралиште.

– За неколку дена треба да почне градбата на спортската сала во во ОУ “Манчу Матак”, чија инвестиција е 24 милиони денари на МОН. Предвидено е и почеток на изградбата на повеќенаменското спортско игралиште, во вредност од 100 илјади евра – вели Заткоски.

Во последните две години реализирани се над 60 проекти. Лани се продадоа повеќе парцели во индустриската зона во Славеј. Се реализираа и проекти за заштита на животната околина со изградба на енергетски ефикасни и реконструкција на постоечките јавни објекти.

СУБВЕНЦИИ ЗА ПИПЕРКИ ПОД ПЛАСТЕНИЦИ

До средината на март ќе трае јавниот повик на Општина Кривогаштани за субвенциониран развој во напредно и современо производство на пиперка во пластеници. Целта е да се подигне свеста за модернизација на земјоделското производство.  

– Проектот ќе опфати пластеници комплетно опремени со методи за производство на пиперка со систем капка по капка. Во зависност од критериумите, комисијата ќе избере 7 апликанти кои ќе добијат по 2 пластеници по 100 м2 и целосно инсталирана опрема. Можат да конкурираат сите земјоделци со исполнуваат критериумите. Комисијата ќе посветува посебно внимание апликантите да бидат од различни населени места. Општината формира комисија која ги утврди и критериумите – вели Заткоски.

Задолжително е кандидатите да се регистрирани земјоделци, а приходот во семејството да не надминува повеќе од 300 000 денари годишно. Пластеникот треба да биде поставен на површина не помала од 1000 м2 за да се споредува производство во пластеник и на отворено. Првата година ќе се користи за засадување на пиперката – капија, а наредните години ќе имаат можност пластениците да се користат за  раноградинарско производство.

ЕКИПИТЕ НА ТЕРЕН ПО ПОПЛАВИТЕ

Мобилните екипи од општината, заедно со службеници од Агенцијата за поддршка на земјоделието и рурален развој, ги посетија селата Крушеани, Врбјани, Боротино, Пашино Рувци, Бела Црква, Славеј и Кривогаштани. Жителите кои имаат поднесено барања за штета предизвикана од поплавите, им ги доставуа доказите за сопственост на земјоделските површини, копија од лична карта и трансакциска сметка.

Се распореди и хуманитарната помош за поплавените подрачја. Несебична хуманост покажаа припадниците на Министерството за внатрешни работи, фирми и компании од други општини. 

КАРНЕВАЛ  “ПРОЧКАРСКА СМЕА ЗА СЕКОГО 2015 “”

Ден пред Прочка, односно на 21 февруари во 12 часот, ќе се одржи традиционалниот карневал. Подготовките за манифестацијата “Прочкарска смеа за секого 2015 “.” се при крај, а учениците изготвија етно – маски за да се потсете на обичаите и адетите. За најуспешните, ќе има и награди. Готова е и групната маска за карневалот во Прилеп.

Двајца ученици од ОУ “Манчу Матак” и двајца од ОУ “Јонче Смугрески” учествуваат во изградбата на снежниот град во Маврово.

ПОСТАВУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ

Вкупно 24 сообраќајни знаци ќе бидат поставени на територијата на Кривогаштани. Екипите од Агенцијата за патишта и фирмата која ги изработува сообраќајните знаци ја местат вертикалната сигнализција за поголема безбедност во сообраќајот. Ќе има знаци и за влез и излез во населеното место. 

Loading