ДА СЕ НАДМИНЕ РЕКОРДОТ

ОУ “Рампо Левката”

Polni kesi zdarve i pari vo OU ,,Rampo Levkata,,Од најмало до најголемо, учениците од ОУ “Рампо Левката” собираа пластични шишиња. Имаат аспирации да ја поттикнат еко свеста за значењето на селекцијата на отпадот и дека шишињата од пластика може да се рециклираат, ако се фрлаат во посебни корпи. Меѓу учениците се разви и натпреварувачки дух, кое одделение ќе собере повеќе шишиња. Сите се стремеа да се постигне нов рекорд, повисок од  оној од пред две години кога собраа 110 килограми.

– Со акцијата ја заштитуваме околината, која е важна за животот – рече Сара Сурлаџиоска.

– Акцијата сигурно влијае на нашата свест, да не ја загадуваме природата, туку да ја чуваме, оставајќи ја чиста – додаде Климентина Митреска.

– Со другарчињата собравме многу шишиња – вели правачето Сара.

Ќе најдат одлична примена новите корпи за селектирање на отпадоците кои училиштето ги доби како донација.

Учениците изработија и флаери за подигнување на еко свеста, а потоа ги поделија меѓу локалното население. 

Loading