ДВЕ ВО ЕДНО ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

Две децении Теракота

ortaci 20 godini - Gordan i  Kosta ToseskiТочно 20 години нижат деловни успеси ортаците Гордан Бошкоски и Коста Тошески со фирмата Теракота. Годишнината од нагорниот óд ја прославија свечено со бројни деловни партнери и гости. Двајцата, како еден, ја исполнуваат бизнис визијата, чии темели биле поставени пред две децении. Веќе се носечка фирма во градежништвото во градов. Бидејќи им е тесен прилепскиот атар, се обидуваат да ги минат локалните граници.

Бизнисот тргнал во 1995 година со неколку вработени, денес да прерсане во компанија со стотина работници, инженери, техничари и придружен персонал, модерна техника за брза градба на станбени, деловни и индустриски објекти. Градежни дела на Теракота се повеќе високи и ниски градби. 

Loading