СПОМЕНИТЕ НА ЕДНА СЛИКА

kade i da zavrstis, bez saat ne go biva gradotВелат, некогаш Стара чаршија била рамна со венециската по “убајна” и по број на занаети. Една слика 1000 зборови! Истопорени дуќани на разни занаети и еснафи. Врвулица луѓе кои чекорат по “градската” калдрма сред центар. Кој ита да купи волница, баба да сплете фермеле или калчуни, кој да купи бардиња. Кој пак, ене го, кај Марулецот да купи жилени ластици и стрела. Кој да се заблажи со слатко-благо од слаткарницата до некогашен хотел Јадран, па таму да наврати на по некое чоканче ракија во бифето. Или да прошета околу триаголното паркче накитено со трендафили, или да потседне на клупите, душа да “собери”, збор-два да “скрши”.

И од било која страна да го сликате Прилеп, градскиот часовник е неизбежен. Отсекогаш гордо сведочел за маките и радостите и секогаш “се виорел” до небото.   

Loading