ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТЕСКИ – ДОМАЌИН В ГОДИНА

Поглаварот Стефан ги благослови бакалите

u0-neu-d1-4908f11c45f544c38c42b9b1caa565d6^pimgpsh fullsize distrТрадиционално во црквата “Свето Благовештение”, трговците го одбележаа денот на бакалите, празникот “Свети три светители”. Присуствуваше и поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, со владиците Климент и Иларион.

Празникот има посебна традиција на славење.

– Во Прилеп се слави секоја година, заедно со бакалите, со народот и верниците. Затоа честит нека им е празникот, посебно на бакалите кои имаат долга традиција – рече г.г. Стефан.

Повеќе од пет децении организирано се слави денот, а бакалите ја пренесуваат трговската традиција долга со векови.

– Славиме од 1954 г. Прво се славел на 26 ноември, потешко, скришно, а сега е весело. Пред половина век имало 25 бакали, а денес се повеќе од 300. Празникот е симболичен, зашто тројцата се слават заеднички како што тоа го прават бакалите – вели бакалот Кире Крстески.

В година домаќин на еснафската дружба ќе биде градоначалникот Марјан Ристески кој ја подржува традицијата. 

Loading