“ВИТАМИНКА” ПОЕФТИНИ ДЕЛ ОД ПРОИЗВОДИТЕ

Заради падот на цената на нафтата

– Граѓаните очекуваат надолни корекции на цените на превозот, намалување на цената на лебот, месото и зеленчукот

Koj ke ja sledi Vitaminka vo poeftinuvanjetoНајголемата компанија за прехранбени и кондиторски производи, Витаминка, ги намалува цените на дел од своите производи. Оваа одлука на раководството на компанијата доаѓа како резултат на намалувањето на производствените трошоци.

Бенефит за потрошувачите

Како резултат на светскиот тренд на намалување на цената на енергенсите, во последниве неколку недели Витаминка забележа пад на трошоците за производство.

– Намалувањето на цената на производите е реакција на случувањата на глобално ниво и поради намалените трошоци, за нас како компанија, се отвори можноста за корекција на цените во надолна линија, а краен бенефит ќе имаат потрошувачите – изјавија од Витаминка.

Витаминка е меѓу првите македонски производители што ги намалува цените на своите производи, следејќи го падот на цената на нафтата. Како дел од својата развојна политика, компанијата останува насочена кон постојаното зголемување на портфолиото, зголемување на квалитетот на производите преку унапредување и модернизација на

производниот процес.

Ќе падне ли цената на другите услуги

Граѓаните очекуваат падот на цената на горивата да придонесе за намалување на трошоците за производство на дел од пролетните земјоделски култури, како сончогледот, пченката и зеленчукот, што би требало да значи и намалување на цените на градинарските производи.

Според експертите, во формирањето на цената на еден производ, влијаат повеќе фактори, меѓу кои е и цената на горивото, кое учествува како енергенс при производството.

Поефтинувањето на бензините, прилепчани се надеваат дека ќе придонесе и до намалување на цените на производите од месната индустрија особено на сувомесните артикли заради намалените трошоци. Со падот на цената на природниот гас, се очекуваат намалување на цената на лебот, затоа што повеќето фурни лебот го печат на плин, а поефтинување очекуваат и кај белите печива.

Такси превозот по старо

Најголеми се надежите и очекувањата дека ќе поефтинат и цените на такси услугите. Такси компаниите засега тактизираат со цената и не преземаат никаков чекор. Покрај речиси симболичната цена и на билетите за јавен градски превоз, дел од корисниците очекуваат корекција надолу. Дознаваме дека, засега, некои компании во меѓуградскиот превоз на патници извршиле симболична корекција на цената на повратните билети за 50 денари.

Никој не пресметал колкаво е учеството на транспортот и електричната енергија во секој производ или полупроизвод, зашто намалувањето на нафтата е речиси двојно, во споредба со лани. Струјата се споменува поради тоа што поголем дел од македонското производство доаѓа од РЕК Битола, каде не мал дел од енергенсите, покрај јагленот, е и мазутот.

Инаку според познавачите на состојбите, се прогнозира дека трендот на намалување на цената на нафтата ќе продолжи и годинава,  а стабилизирање се очекува в година.

Само од почетокот на годинава лесната нафта поефтинила за 15 проценти, додека нафтата од типот брент е пофтина за 18 отсто. Падот на цената на нафтата се забрза откако во ноември членките на ОПЕК одлучија да го задржат нивото на производство од 30 милиони барели дневно. Светските аналитичари прогнозираат дека цената на црното злато годинава ќе се намали под нивото од 40 долари за барел.

Loading