ПРИЛЕПЧАНКА НА “АМЕРИКА ИМА ТАЛЕНТ”

Glas od pod Markovite kuli vo Las VegasПрилепската оперска пејачка Оливера Ѓоргоска, која пред неколку години замина во Флорида на магистерски студии по соло пеење, се пријави на две популарни шоуа за откривање на таленти во САД. Ѓоргоска, која ги подготвува докторските студии во Лас Вегас, се пријави на емисиите “Гласот” (The Voice) и “Америка има талент”.

За извонредниот глас на надарената сограѓанка ќе судат Адам Левин, Кристина Агилера и Фарел. Новата сезона на шоуто наскоро ќе почне со прикажување, а во Македонија ќе биде достапно преку торент.

Оливера е категоризирана како глас Спинто Сопрано Лирико. Таа магистрира оперско пеење каде е нужно не само располагање со глас, туку и познавање на јазици, вештина на движења и актерство и танцување. 

Loading