ПРВПАТ НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА

Фудбал

Третолигашкиот лидер Победа од вторникот првпат користи терен со вештачка подлога, кај некогашната Зоолошка. Алтернативата е добредојдена поради неповолните временските услови кои влијаат на состојбата на игралиштата. Засега овој терен ќе биде само за тренинзи, а потоа ќе се разгледа можноста евентуално за мечеви од контролен карактер.

Клубот закажа пријателски од недела со Македонија ЃП, в среда со Кожуф Миравци, а на 15 февруари е турнирот “Вуко Каров” во Кавадарци со Тиквеш и Турново. Екипата на Златко Петрески е засилена со голманот Дејан Апостоловски (Пелистер), бекот Валентин Колески (Напредок) и за врска Кемал Аломеровиќ (Металург). Се чека во средниот ред Един Мерсовски и уште еден – двајца повратници. Досега заминат е само голманот Христијан Сркески во Кожуф Миравци, а отсутен за врска Бобан Крстески.

Има доволно време за подготовките до првенствениот старт на 15 март. 

Loading