ЏЕНТЛМЕНОТ ОД “ПОПЛАВИТЕ”

dzetalmenСé поретки се џентлмените кои “ги спасуваат” девојките. Овојпат, нашиот кавалер, сред “реклами” ја крена девојката в раце, да не ги натопени штиклите, поради обилните дождови кои ги поплавија улиците. Љубовта прави чуда и во конзервативната средина. Тој не дозволи таа да се стопи како шеќер, туку ја грабна во прегратката. Ни око му трепнуваше од навалицата народ кој љубопитно и изненадено се џареше. Девојката “свиена” безгрижно, го држеше чадорот на партнерот да не се натопи, додека својот херој ја носеше в раце.

Тој е англискиот џентлмен од нашето сокаче, кој се “жртвуваше” себе си, правејќи се “жива вода” во чевлите и пантолоните, за да го зачува изгледот на својата девојка, која ја спаси од “поплавите”. Облеката и нему ќе му се исуши, но овој гест ќе се памти. 

Loading