ФОНТАНАТА ЈА НАСЛЕДИ ИТАР ПЕЈО

Ne taka damnesnata  fontana ja zameni cesmata na Itar PejoФонтаната “седнала скрс нозе” насред Стара чаршија, давајќи дополнителна нота на автентичниот лик на некогашната чаршија. Нема човек кој не негува убави спомени. Младите ја сакаа, оти често им беше збирно место за старт на прошетки. Децата “лудуваа” низ жуборот на млазевите. А по плочките, се разлеала водата на сите страни од безбројните детски игри, кога ги притискаа чешмите. И учениците пред училиште често свратуваа тука, фрлајќи си паричка за среќа во водата. Некогаш тука имаше и бунар за разладување. Денес постои покриен како амајлија на еснафот.  

Фонтаната ја нема. Ја наследи скулптурата на “чучнат” Итар Пејо, легендата за курназлак и мајтапџилак од мариовскиот крај. Зошто токму Пејо на тоа место?! Просторот некогаш се викаше “кај волната”, оти тука доаѓаа мариовците да продаваат волна, а сега низ стомната на Пејо, прилепчани гаснат жед. 

Loading