ЗДРАВЕСКИ ДАРИЈА КОНЦЕНТРАТОР ЗА КИСЛОРОД

Во болницата

Апарат кој им помага на пациентите со белодробна слабост дари на болницата семејството Здравески. Домашниот апарат, кој го користел домаќинот, го донирале да им ползува на хоспитализираните болни. Докторите велат дека немале ваков апарат досега, иако чини околу 700 евра. Тој ќе им помогне на болните, наместо со шишиња со кислород, дирекно преку апаратот да вдишуваат кислород од воздухот.

Се проценува дека во Прилеп и околните општини болеста е дијагностицирана кај околу илјада граѓани.      

Loading