ИНТЕРЕС ЗА ИЗЛОЖБАТА НА БАШЕСКИ ВО ПАРИЗ

Изложбата “Адам и Ева – нов почеток” на нашиот скулптор Жарко Башески, отворена во галерија “Хелен Нугаро” во Париз, предизвикува голем интерес. На отворањето присуствуваа значајни имиња на француската култура, но и на ликовната јавност. Изложбата, според француските весници, е извонредно уметничко доживување.

Башески се претставува во рамките на фестивалот на Југоисточна Европа под покровителство на УНЕСКО. 

Loading