ЈАВЕ ЗА ,,ПО ТРАГИТЕ НА ВИСТИНАТА,,

“По трагите на вистината” од Борис Георгиев Павлов е книгата која доживеа јаве во Библиотеката. За книгата зборуваше професорот д-р Јове Кекеновски.

Авторот ги пренесува спомените за голема љубов – Македонија.  Книгата е интересен личен и историски документ за случувањата на Македонците во современото општество, каде се негираат човековите права. Павлов прави обид да се документира историската средба во 1990 година на македонските организации и здруженија од Пиринскиот дел на Македонија, во домот на Вихрен Запрев во Сандански, кога била донесена одлука за формирање на ОМО Илинден.

Борис Павлов е еден од најпознатите македонски патриоти во Пиринскиот дел од Македонија, кој целиот живот го посветил борејќи се против асимилаторската политика и националшовинизмот на БКП и нејзините следбеници.

Loading