ТРЕТ ЖИТО МАРКЕТ

Трговската мрежа Жито Маркет отвори трет маркет во Прилеп кој пак е 46-ти во синџирот на компанијата низ државава. Маркетот е лоциран на улица Пенка Котеска бр. 32 Б.

За сите присутни на свеченото отворање имаше многу подароци, гратис производи, акции, попусти на најпродаваните производи и други изненадувања. Градоначалникот Марјан Ристески ја истакна придобивката од работното ангажирање на лицата и од поволноста што им се овозможи зголемена понуда на потрошувачите.    

Loading