ВЕКНА ЗА 15 ДЕНАРИ ЗА РОДЕНДЕН

во Жито Прилеп

Најголемиот производител на леб и бели печива, компанијата Жито Прилеп, ја намали цената на векната леб од 500 грама, викана Интега, за 20 отсто. Наместо досегашните 18 денари, лебот замесен од брашно и 15 отсто трици, сега има етикета со цена од 15 денари.

Жито Прилеп го поефтини диеталниот леб во рамките на прославата на 60 годишнината од постоењето на компанијата без да го ограничи времето на кампањата за пониска цена. 

Loading