ГРАН ПРИ КРОАЦИЈА

Карате

Речиси секој викенд се постигнуваат добри резултати од прилепските каратисти. Клубот Бонсаи освои трето место со ката тимот за јуниори на Меѓународниот турнир во Самобор “Гран при Кроација”. Заслужни се Александар Стојаноски, Кирил Трајкоски и Огнен Тодороски. Стојаноски далеку стигна и поединечно, загуби во борбата за трето место, меѓу 42 натпреварувачи. Клубот ги има јуниорските државни прваци до 21 година, бронзени од Балканијада, ката тимот Дамјан Ристески – Кирил Трајкоски – Огнен Тодороски, кои се готват за Европското во февруари.

Тренерот Валентина Пурдеска е задоволна, но и разочарана од немоќта за почести настапи на големи натпревари, бидејќи клубот сам се финансирал, без денар помош.

Loading