ПРОДОЛЖУВА ВО КОБЛЕНЦ

Матилда Атанасоска

И во новава година ракометарката Матилда Атанасоска останува во досегашниот клуб, германскиот бундеслигаш Вулкан Кобленц. Управата и тренерите се задоволни од придонесот на бековската и крилната позиција. Во тек се подготовките и пријателските мечеви. Атанасоска има сонароднички клупски другарки, скопјанките Зорица Десподовска и Ивана Петковска – Саздовски, која настапуваше за Жито Прилеп.

Претстои тешка пролет на Вулкан Кобленц за опстанок во Бундес лигата.

Loading