ШЕСТ ПО ТРИ – НУЛА

Пинг – понг

Вториот зимски турнир “Здравје Радово” во Скопје беше плоден за надежите на Младост 96. Кај пионерите блесна Александар Рикалоски со освоено прво место низ шест победи. Сите ги доби максимално со 3-0, вклучително финалето против најголемиот ривал Методи Бужаровски од Рисови – Скопје. Истиот противник и вторпат беше совладан, во младинска конкуренција. Таму далеку стигна и Бојан Илиески. Двајцата клупски другари се сретнаа во четвртфиналето, а подобар беше Рикалоски. Тој е сопрен во полуфиналето од државниот првак Христијан Јованов од Работнички – Скопје.

Формата е одлична и ветува добри резултати во пролетниот дел од Првата пингпонгарска лига.

Loading