ЧИСТ ОБРАЗ

Ракомет

Градов посакува сé посилен и посилен РК Прилеп. Тоа значи доведување докажани, квалитетни ракометари. Меѓутоа во клубот не отстапуваат од стратегијата “чекор по чекор”. Желбите се едно – можностите друго. Буџетот е закон. Според лимитираните финансии не се очекуваат спектакуларни засилувања зимава, туку приоритет е задржување на екипата која се бори за второто место во Супер лигата.

– Контактираме со еден – двајца. Не ветуваме нешто што не се исполнува. Мора да останеме со чист образ – велат во РК Прилеп.

Подготовките стартуваа во средата под водство на тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески.

Loading