СПИРКОСКИ ВО ТУРНОВО – ПЕТРЕСКИ ВО ПЕЛИСТЕР

Трансфери

Прилепските фудбалери се ценети и барани во другите градови. Зимава убав трансфер направија играчите за врска Благојче Спиркоски (18) и Владимир Петрески (23). Двајцата го напуштија второлигашот Напредок и се преселија во прволигаши, помладиот во Турново, повозрасниот во Пелистер. Во Битола како нов најавен е и Јорданчо Наумоски, досегашен член на Металург, а таму од есеноска настапуваше Александар Крстески. Во Металург остануваат Александар Игески, Дарко Илиески и Марјан Радески.

Има повеќемина првотимци на второлигашки клубови, а зимава за премин се одлучи Даниел Талески од Напредок во Гостивар.

Loading