Градски стадион
Забот на времето совлада уште еден дотраен дел од стадионот “Гоце Делчев”. Деновиве падна делот од оградниот ѕид на аголот над големата трибина, крај патеката од старата до новата болница. Беше висок два ипол метри, долг дваесетина и служеше да спречи гледање фудбал без пари. Целиот од бел камен се струполи кон внатрешната страна. Паѓањето како да сака да навести наскоро комплетно реновирање на објектот.
Пред 17 години првпат падна ѕид од стадионот, на јужната страна, на чие место денес е новиот со цврст материјал.