БЕЗ ТЕПАЧКИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ

Полицијата им укажува на граѓаните пред новогодишните и божикните празници да се воздржат од неовластено пукање од огнено оружје и пиротехнички средства и сличен експлозивен или лесно запалив материјал. Се препорачува да се избегнуваат кавги, расправии и тепачки и да не се управуваат моторни возила под дејство на алкохол и наркотични средства, како и без возачка дозвола и да се прилагодува брзината на условите на патот.

За претстојните денови ќе се зајакнат контролите со цел превентивно да се делува кај граѓаните.

Полицијата препорачува да се почитуваат законите.  

Loading