СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”
Три награди во економско-правната и трговска струка “грабнаа” учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” меѓу 30 натпреварувачи на државниот натпревар за “Лидер на струката” во Кавадарци. Кај правните техничари, Сибела Мамудоска го освои првото, а Ивана Илиеска второто место. Кај деловниот секретар, Денис Димески се нареди на третото место.
Учесниците се “тркаа” теоретски и практично по сите стручни предмети од прва до трета година. Потврдија дека училиштето “произведува” квалитетен кадар.
– Се проверуваше дали е доволно образованието што им го даваме за целосно и компетентно преземање на работни обврски и извршување на задачи – ги пренесе впечатоците професорката Виолета Огњаноска.
– Успехот е и за училиштето, и за професорите кои нé подготвуваа. Се потпирав на наученото во минатите три години. Учеството е искуство, мотив и поттикт за надоградување – вели Мамудоска, која сака образованието да го продолжи на Правен факултет.
Покрај Огњаноска, ментори беа Татјана Талеска и Билјана Марковска.