НАГРАДИ ЗА КАВАЛИТЕ, ТАПАНИТЕ И ПИЈАНОТО

Музичко училиште

Narodnite instrumenti im donesoa kup nagradiСо највисоки награди и годинава учениците од музичкото училиште се вратија од 5 – от меѓународен натпревар за камерна музика во Квадарци.  Михаел Ташкоски и  Сергеј Настески на кавал, Андреј Јовановиќ на тамбура и Дамјан Трајкоски на тапан освоија прва награда во А категорија под раководство на проф. Мендо Ташкоски. Во предкатегорија, прва награда донесоа Сергеј Настески на кавал и Марио Соколески на тапан. Со втора награда се закитија Антонио Трајкоски на кавал и Лука Калески на тапан. Тие со огромна љубов го изучуваат македонскиот фолклор и ја продолжуваат традицијата за што во изминативе пет години учениците од класата народни инструменти имаат освоено 11 први, 4 втори, 3 пофалници, а учествуваа и на солистички концерт во Макарска, Хрватска.

Dobri i vo klasikata - GaraloskiОд класата на проф. Леонарда Б. Гиноска и на проф. Киро Гаралоски, прва награда во А1 категорија постигнаа учениците Марија Јоневска за пеење и Јана Костоска на пијано.

– Наградите се потврда дека успешно се негува камерната музика, која претставува спој на истовремено музицирање на различни инструменти и глас, каде што секој ученик, музички се изразува и се сплотува во музичка целина – вели Киро Гаралоски, директор на Музичкото училиште. 

Loading