ТЕЛЕВИЗОР ЗА МАРКОСКИ

TV vo Prilep, a  skuterot i velosipedot na Nova GodinaЃорѓи Маркоски е добитник на телевизор со влезницата на годинашниот Источноевропско првенство во Мотокрос во Прилеп. Тој вели дека е љубител на овој спорт. Бил дел од публиката на спектакуларниот спортски настан.

– Манифестацијата е супер. Пред еден месец со сопругата добивме ќерка, а телевизорот ќе добие одлична примена во детската соба – изјави Маркоски.

Извлечени беа и останатите две награди, но не се јавија добитниците. Скутерот и велосипедот ќе се доделат на плоштадот на Новата година.    

Loading