Забавата на лизгалиштето и годинава ќе ја доживуваат децата по неколку денови. Иако температурите наликуваат на пролетни и не се чувствува здивот на зимата која доаѓа, младите со нетрпение очекуваат студ за да ги изведуваат лудориите на лизгалки. Годинава локацијата на лизгалиштето е пред ЦК “Марко Цепенков”, на малиот плоштад на литературата, на местото од џампинг фонтаната, која се изгасна да остави простор за возбуди на мраз. Најхрабрите љубителите на мразот ќе ги покажат уметничките вештини во лизгање. Се очекува навалицата кој прв да ги покаже акробациите на мраз за “настапот” пред метеж од љубопитна публика.
Капацитетот на лизгалиштето е околу 30 деца. Се очекува и годинава да се изнајмуваат к’нки за “изведување” безбедни пируети.
За повесели новогодишни и божикни празници, градот ќе го краси новогодишна елка. Поставена е конструкцијата, останува само зеленото руво да блесне во полн сјај. Лани, наместо ѕвезда, на врвот гордо стоеше мајмун.