Пинг – понг
Низата успеси продолжуваат на младите членови на Младост 96. На Државното екипно пионерско првенство во Куманово ја одбранија титулата шампиони и тоа на супериорен начин. Доволно зборува билансот од четири победи и максимална разлика од 12-0. Не загубија ниту меч, по 3-0 совладувајќи ги сите ривали, дури и најсилните конкуренти Крушево и Студент Скопје. До пехарот стигна Александар Рикалоски со засилувањата од Свети Николе, Дамјан Стојчев и Матеј Доневски. Рикалоски е најдобриот учесник на првенството, без загубен сет.
Викендов е настапот на Младинското првенство, во состав Рикалоски – Илиески – Иваноски.