СЕНЗОРНА СОБА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

ОУ “Климент Охридски”

– Проектот од девет илјади евра ќе го подобри здравствено-образовниот процес

Senzorni iskustva se potrebni za decata so autizam -  Darko JoveskiДржавата води сé посериозна грижа за образовно – интелектуалниот процес на децата со посебни потреби. И во ОУ “Климент Охридски” се посветени на подигнување на квалитетот на наставата на најмладите со пречки во развојот. Направен е голем чекор напред со реализација на проектот “Сензорна соба”, наменета за деца со аутизам, која ќе ја користат и децата со пречки во псхичкиот развој и со мултихендикеп. Таквите деца тешко комуницираат со надворешниот свет, живеат во свој, само на ним разбирлив свет и ретко се разбрани од средината. Ним им се потребни сензорни искуства од околината. Затоа сензорната соба е дизајнирана да предизвика сензорна имагинација, релаксација и интерперсонални односи. Промовира релаксација низ контролирана употреба на арома, тактилна, аудитивна и визуелна стимулација. Таа е терапевтска соба, каде секое дете може да се чувствува удобно и сигурно. Со третманот, деца полесно и поуспешно ќе се вклучат во секојдневието. Проектот е на една крстосница, идејата веќе 2-3 години тлееше, недостасуваше простор за реализација. Навидум недостижното, полека се остварува. Во одделот за ученици со посебни потреби обезбеден простор од 20 м2. Од една училница се направени две – едната класична, а другата, сензорната соба. Просторијата е според потребните стандарди, со абриб, и од заштитен аспект, обложена со меки сунѓерести душеци за да нема можност од повреди.

– Сензорни соби има во неколку градови, дури и во помалите општини. Сега и овде се задоволи потребата. Моментно знаење совладуваат 3 ученици со аутизам во една паралелка. Сензорната соба многу ќе помогне, оти кај овие ученици битно е да се поттикнат сензорите, потоа да се изведува наставата. Има и хиперактивни ученици, со кои е потребно малку да се работи на нивно релаксирање. Се надевам дека ќе ги охрабриме родителите да ги вклучат децата во училиштево, бидејќи многу не се вклучени во воспитно-обазовниот процес. И конечно, со обезбедувањето на физичкиот простор, можеме да размислуваме и за опремување на сензорната соба – вели директорот Дарко Јовески.

Kako ke izgleda senzornata sobaПроектот беше промовиран за патрониот празник на училиштето и со воодушевување беше прифатен од родителите и претставниците на локалната самоуправа. Но, сензорната соба во ОУ “Климент…” е празна. Нужно е да се исполни со потребните реквизити и да се оствари сонот. Потребни елементи се транспарентни туби со менување на нијанси на бои, две огледала обезбедени против несакано кршење, платформа за седење од антибактериолошки материјал, светлосни фибер лед прамења за посебни ефекти, светлосни рефлектор со ротациски колор диск, ротациона диско топка со 4 типа на осветлување за посебен светлосен ефект, аудио ледспот рефлектор, светлечки ледколор прамен со далечинска команда, магичен проектор, две ергономски вреќи за седење и релаксирање и музички систем за релакс музика. Токму затоа, директорот испраќа повик секоја општествено – одговорна фирма да помогне со донација според можностите. Оптимист е и се надева на поддршка барем дел од елементите да се обезбедат и веќе од второто полугодие сензорната соба да профункционира.

– Задоволни сме од интересот на “Комфи Ангел”. Најавија дека ќе се ангажираат за помош од Англија. Очекуваме соработка и од другите фирми и од локалната самоуправа. Проектот е внесен во финансискиот план на училиштето за 2015 година – додаде директорот Јовески.

Во учебната 2014-15 г. настава посетуваат 42 деца со посебни потреби, од кои 3 со аутизам. Крајна цел е со комлетна опрема максимално да се искористат способностите на учениците и да се оспособат за водење самостоен и независен живот во заедницата.        

Loading