БОЛНИЦАТА ЌЕ СЕ ДЕБЛОКИРА ЗА НОРМАЛНО ДА ФУНКЦИОНИРА

– Засилување со 27 доктори специјалисти

Konsolidfacija na bolnicata“За скоро време ќе се надмине финансиската блокада на болницата и ќе се овозможи порелаксирана атмосфера за нудење на услуги од секундарното здравство, макар што и со црвено салдо не е загрозено нормалното функционирање. Процедурата за дополнителна, државна интервенција е поврзана со административни и буџетски процедури”.

Ова го изјави Бошко Талески, претседателот на управниот одбор на болницата.

Тој открива дека 27 лекари се пратени на специјализација или се пред полагање на специјалистичкиот испит и за скоро време ќе бидат свежа стручна поддршка на постојните 70 специјалисти.

– Болницата не е во незавидна финансиска состојба. Има подеми и падови како и во секоја друга институција. Блокадата е околу 80 милиони денари, од кои над половината се долговите за добавувачите од Центарот за дијализа. На околу 70 бубрежно болни им беше овозможено да не се малтретираат во други градови, туку да има  се даваат услуги во нашата болница. Меѓутоа, од почетокот, годинава дијализата отиде под концесија. Добавувачите на репроматеријалите за дијализа и репарирањето и сервисирањето на старите донирани машини создадоа огромни побарувања, за кои не покажаа разбирање и наеднаш побараа наплата на заостанатите побарувања – вели  Талески.

Менаџирањето е соодветно на условите. За многу кратко време, со ангажман на сите инволвирани страни, на Владата, Министерството, менаџментот, пратениците, градоначалникот, претседателот на советот, проблемот ќе се реши и болницата нормално ќе функционира на начин на кој сме навикнале.

– Кај вработувањето, како дел од стратегијата, изминативе 8 години, се ангажирани 120 лица. Тие се силна кадровска поддршка. Заминаа околу 70 лица и околу 30-40 се плус. Има плус 60-70 волонтери. На рентген се 3 лекари. Уште двајца се враќаат од специјализација. Во лабораторија се 2 специјалисти. Тие се во полна кондиција и далеку од пензионирање. Тоа е доволно, со оглед на услугите. Во гинекологија се 3 лекари, а двајца специјализираат. Има уште една планирана приватна специјализација следната година. Во догледно време ќе имаме 6 гинеколози, сите помлади од 35 години. Тоа е соодветно за перспективата на болницата. Склучивме договор со двајца битолски гинеколози. Не е оставено на милост и немилост гинеколошкото одделение. Ортопедија има 5 доктори, еден беше и на стручно доусовршување за вештачко колено. Добра е екипираноста. На анестезиологија има 6 анестезиолози, кои нудат услуги во Битола, Кичево… На хирургија се 8 специјалисти, плус 2 специјалисти уролози, а уште двајца се на специјализација. Не сме слаби, но се внимава да се обоновуваме кадровски. Очно се 6 доктори, а на ушно 2. Таму имаше изненадувања што заминаа во прватна пракса, но е регулирано што специјалистите се во градов и се покриени со договори со Фондот. На интерно се 10 специјалисти, а доаѓаат уште 3 интернистички специјализации. Кадровски солидно стоиме на нервното одделение и имаме 2 специјализации. На педијатрија се 4. Еден специјализира, а уште еден треба да пратиме. На кожно се 2 лекари, еден специјализира и уште еден специјализант ќе има во наредниот период. На специјалистичко унапредување и за надоместување на недостигот, се испратени 27 доктори на усовршување. Според потребите, организацијата и стручната екипираност е сосема добра. Се надеваме дека во иднина ќе ја задржиме и надградиме – прецизира претседателот на управниот одбор.

Болницата в година ќе располага со буџет од 305 милиони денари, од кои 175 милиони се за плати и околу 60 милиони денари за придонеси. Остануваат 70 милиони се за одржување, набавка на материјали… Со отсуство на трошоците за дијализата, се ослободуваат средства, но прво, се очекува државна санација на старите обврски.

Се инвестира во здравјето на пациентите.

– Врвен приоритет е комплетното реновирање на хируршките сали, оти не се обновени од седумдесетите години. Се очекува хируршките сали да бидат најсовремени. Второ, комплетно ќе заврши реконструкцијата на сите санитарни јазли. Доколку останат средства, ќе се постават нови лифтови. Има проект и за подови, тавани и врати – внатрешна дограма. Таму нема да се инвестира, оти претстои рестандардизација од 2017 година за објекти од секундарното здравство. За да не се уриваат една година поставените, на пример, врати, ќе се почека – вели Бошко Талески.

Покрупни инвестиции

Во 2009 година е пуштено новото инфективното одделение. Реконструкцијата на надворешната дограма на заврши во 2011 година со што се подобри  енергетската ефикасност. Санирани беа поголем дел од санитарни јазли. Комплетно ново лице доби гинеколошкото одделение, операциони сали…. Болницата е технички опремена со дигитален РТГ апарат, класичен РТГ апарат, КТМ, кардиолошки ЕХО ултразвук, гинеколошки 4Д ЕХО апарати, инкубатори за новороденчиња ,гастроскопски кабинет, 18 монитори за интензивна нега, хируршки инструменти, машина за дишење на анестезиологија, офталмолошки микроскоп, апарат за факоемулзификација, био микроскоп за очно и други поситни апарати или вкупно 102 милиони денари инвестиција во опрема.

Loading