Општинска
Неизвесна е трката за првото место во Општинската А лига на ОФС Прилеп. Дури пет тима се со реални шанси за врвот. После 12. коло настана измена и лидер е Обршани, пред Илинден Долнени, Братство Житоше, Кадица Забрчани и Младост Кривогаштани. Додека Илинден беше слободен, Обршани победи на гости кај Тризла, Кадица во Крушеани, а Братство дома со Канатларци, додека Младост ремизираше во Беровци. Викендов е есенската разврска: Обршани – Беровци, Илинден – Динамо, Кадица – Братство, Младост – Чепигово.
Табела: Обршани 26, Илинден 24, Братство, Кадица и Младост по 23.