НОВ СПЕКТАКЛ

Ракомет

Секогаш е спектакл кога игра суперлигашот РК Прилеп, без разлика на противникот. Публиката сака квалитетен меч и ја исполнува салата во СОУ “Р. Р. Ричко”. Така ќе биде в сабота (19 ч.) со Тинекс Пролет од Скопје. Домашните се во налет пред трета последователна победа, после триумфот дома од 29-27 над Радовиш и на гости 29-38 со Текстилец во Штип. Екипата на Боро Чурлевски е комплетна и се очекува сигурна игра за нов успех. Гостинскиот тим го предводи некогашниот селектор Илија Темелковски.

Табела: Зомимак 21, Металург 15, Охрид и Прилеп по 13, Радовиш и Пролет по 12.

Во женската Супер лига Жито Прилеп загуби 29-25 од Металург во Скопје и следи гостување на Вардар СЦБТ.

Loading