СВЕТСКО ВО БРЕМЕН

Карате

Во средата во Бремен, Германија, стартуваше Светското првенство. Учествуваа околу 900 каратисти во женска и машка конкуренција од 107 држави, а честа на Македонија ја бранат ката тимот Поликсенија Јованоска, Мишела и Маријана Димоски (Ронин), во борби Тодор Ристески (Спорт 94). Прва во кати поединечно настапи Јованоска, сопрена во првото коло од Виетнамка. До крајот, в недела се очекуваат поволни резултати.

Тренери на репрезентацијата се Златко Димоски, во кати и Пеце Белистојаноски, во борби.

Loading