ЕСЕНСКИ ЛИДЕРИ

Фудбал

Нема дилеми, на коло пред крајот извесно е дека Победа ќе биде есенски првак во Третата лига – Југ. В недела (13:30 ч.) претстои уште мечот дома со велешка Бабуна. Публиката се очекува да го поздрави тимот кој оди кон враќање во второлигашкото друштво. Нема место за опуштање и ниеден противник не е добро да се потцени. Доколку се даде максимум, резултатот и трите бода се загарантирани, затоа што разликата е во класа. Тоа се потврди во меч со најголемиот конкурент Превалец, кој беше совладан на гости со 0-1 преку Јанкоски.

Останати: Вардар – Варош, Млекар – Превалец, Г. Коњари – Ц. Ѕвезда, Партизан – 11 Октомври.

Табела: Победа и Вардар по 27, Превалец 24, Партизан 16, Ц. Ѕвезда и 11 Октомври по 13, Бабуна и Д. Езеро по 12.

Loading