СЕ СТАНУВА ВОЗАЧ ПРЕКУ ИСКУСНИ РАЦЕ

Авто школа Микадо – Диме

Iskustvo i mladost vo edno  - Jurukoski i AngeleskiОдново се роди авто школата “Микадо” од јули годинава. Она што таткото Зоран во 1996 година го почна, но од објективни причини не успеал, од неодамна го остварува синот Диме Ангелески. Фамилијата повторно се здружи, овојпат преку водечката млада снага. Младиот Ангелески газдува, а вујкото го вработил за раководител и предавач. Татко му пак е инструктор. Да си помогнат еден на друг. Диме полека, полека навлегува во “водите” на бизнисот со авто школи.

– Секој си ја бара среќата. И авто школите се раѓаат и умираат, како и сите други фирми. Најбитно е да вршат професионална дејност, бидејќи одговорноста е голема. Вклучува бројни опасности по животот. Тежнееме да ги обучиме идните возачи, да ги образоваме и да ги насочиме мудро и вешто да се снаоѓаат во сообраќајот. Со добра обука, се продуцира добар возач. Тоа ќе придонесе кон безбедноста во патниот сообраќај – вели младиот Ангелески.

Професионалниот пристап е принципот. Кандидатите го добиваат платеното најквалитетно. Секоја авто школа, како и луѓето си има своја специфика, и Микадо има особености, а тоа е, “се остварува ветеното”. Нуди обуки за сите национални категории со сопствени возила. Ги подготвуваат кандидатите најпрво на теоретски план, со 20 часа настава, запознавајќи ги со потребниот материјал за совладување на теоретскиот дел и за имплементација. По пробното тестирање, продолжува практичната програма со часови по возење, на крај да ги подготват кандидатите за финалето – полагање на возачки испит.

За авто школата важен е стручниот кадар зад неа. Целиот тим, предавачи и инструктори се лица со долгогодишно искуство, кои биле обучувачи во други авто школи. Предавач е Рубин Јурукоски, кој, потпирајќи се на неговото искуство од преку 18 години, градивото го сведува на ниво секој да го разбере. Оти кандидатите се на различна возраст и со различен степен на образование. Располагаат и со жена инструктор. Сопственикот Диме Ангелески е најмладиот инструктор, кој учи од постарите. Ја сфатил поентата и напредува во професијата. Ментори му се татко му и вујко му со долгогодишно искуство.

– Од авто школата зависи успехот на кандидатот. Тој е дојден да научи. Ќе ги совлада марифетите на возењето, ако добри инструктори умеат да го пренесат знаењето. Ако кандидатот се нахранил со знаење, нема да изостанат и резултатите, возачкиот испит ќе се положи. Значи, располагаме со квалитет – објаснува Ангелески.

Lesno se steknuva  znaenje za polaganje na vozacki ispitИако е нова авто школа, има интерес. Со оглед на економската состојба, се нудат фер цени од 16000 денари за нормиран број на часови. За релативно кус период успеале да ги оправдаат очекувањата. Дел од кандидатите дури и го почекале официјализирањето да се предадат на обука во сигурни раце. Имаат доверба во нив, па доаѓаат и кандидати чии браќа, сестри и роднини биле задоволни од инструкторите.

– Задоволни сме за краткото време,. Понатаму ќе бидеме уште позадоволни, оти го надминавме замисленото. Ќеф ми е кога кандидатот ме слуша со интерес, впива она што го зборувам, прашува, кога сака да научи и за работи кои првпат ги слуша, или погрешно ги правел, а мислел дека се точни. На идните кандидати би им порачал секој да појди во авто школата во која смета дека ќе му биде најдобро. Но, и да го бара и да го добие платеното, да земе знаење, односно соодветна услуга што ја надоместил со пари – потенцира Ангелески.

Постепено, со напредување, планираат и проширување со инструктори, обновување на возниот парк, оти возилата се амортизираат и застаруваат со користењето. И основните средства, покрај кадарот, се важен сегмент за ефикасно функционирање на секоја авто школа.

Loading