ЛЕСНО ДО СТРАНСКИ ЈАЗИК

CITY CAMBRIDGE SCHOOL

Bez privaten `ivot vo privaten bisnis - Beti KoteskaСо комплетна посветеност Бети Котеска, десетина години успешно го води училиштето за странски јазици CITY CAMBRIDGE SCHOOL. За некоја жена велат е сопруга на тој и тој, за неа велат “таа е Бети од Сити со максимално посветување”. Со колешката, како две млади наставнички по странски јазици организирале курсеви по странски јазици случајно и невизионерски со неколку возрасни курсисти. А сега таму стекнуваат знаења на повеќе странски јазици и деца и возрасни, дури и најмали од предшколска возраст од 4 години, до најстари посетители од околу 65 години.

Напредувале чекор по чекор. Растел бројот на посетителите и станале најголем локален центар за странски јазици. Со сите генерации, статистички гледано, секогаш имаат околу 30 отсто повеќе курсисти, што говори дека успешно се справуваат со напливот на клиенти. Изучувачите се задоволни, ги препорачуваат и пак се враќаат.

– Имавме идеја да пробаме со училиште за странски јазици. Колешката замина за Америка, па бизнисот ми остана мене, сакав – неќев. Желбата да продолжам сама, значеше засукување на ракавите. Се посветив максимално, оставајќи го приватниот живот. Работам од првото отворање до последното затворање на очите. Целата енергија и менталниот капацитет ми се насочени на училиштето. Ме исполнува работа, и тогаш и сега – вели Бети, претседателот на Сити.

Нудат стандардни курсеви по англиски, германски, италијански, шпански, француски, турски, руски и т.н., со стручен кадар и за други јазици, ако има интерес. Најатрактивен е англискиот, а потоа е германскиот јазик. Најголем одѕив има кај децата, а последниве години и кај возрасните. Еден курс обично е околу 50 – 60 наставни часови, односно околу 3 месеци. Ако се бара повеќе, и тоа се овозможува со надстандардна надградба. Пристапот кон совладувањето на јазикот е и индивидуален. Се учи она што на луѓето им е потребно. Работат по принципот “што сака клиентот, зошто е дојден…”. Дали за полагање испит, дали за ТОЕФЕЛ, дали за на брод или за комуникација со роднините од странство. Најчесто возрасните пристапуваат за курсеви, поради работни ангажмани и заминување во странство, а и за добивање било каква или подобра работа во земјава. Во соработка со British Council и Cambridge Универзитетот од Велика Британија, единствено во нашиов град во Сити има можност за диплома директно од Кембриџ. Сертификатот отвора пат кон светот, зашто на високо развиените земји на Западот многу им се важни нивните дипломи. Ланските посетители имале најдобар резултат на испитите спроведени од Кембриџ во Македонија. По завршувањето на курсот, кандидатот со полагање на детален испит се проверува како зборува, слуша, колку разбира, колку знае да врати и како пишува. Така добива сертификат за она ниво што го посетувал.

– Апсурд е денес да немаш основни познавања на англискиот. Само да погледнеш низ прозорецот ќе забележиш дека барем 3-4 реклами на дуќани се на англиски и треба да знаеш што значат. Се трудиме да ги исполниме очекувањата на клиентите, да помогнеме, и затоа стоиме на услуга 24/7 и често го правиме неможното во можно. Насочени сме на практикување на живиот јазик, а не учење само правила и прописи – објаснува Котеска.

Децата се “алчни” да го научат јазикот. Работат многу саати секој ден и не се штедат во мали групи, во пријатна и опуштена атмосфера, да не бидат стегнати како во училиште. Организираат и манифестации, културни настани, а денес традиционално со децата преку маскенбал ќе ја прославуваат Ноќта на вештерките, да избегаат од секојдневието, да видат децата нешто поинакво.

– Секој клиент ми станува пријател. Имаме индивидуален пристап кон секој поединец, и тоа нé прави подобри и поинакви од другите. Конкуренција има, но работа има за сите. Битно е секој да си биде професионалец во својата работа – додаде сопственичката Бети Котеска.

Самоиницијативност, уникатност, професионалност, точност, одговорност, трудољубивост, тимска работа се само неколкуте одлики што го красат тимот на Сити. Најкомплицираните јазични задачи им се предизвик. Искуството низ годините ги научило лесно да се справуваат со комплексните професионални задачи, само да ги задоволат барањата. 

Loading