БРЕНДИРАЊЕ НА ВОЃАНСКИОТ КРОМИД

Иако за некои вкусот и аромата на воѓанскиот кромид се незаменливи во споредба со другите сорти, а за други е некој хибрид од градинарска култура, сепак кромидот од поднебјето на ова село е посебен. Таа специфика утре на стадионот во селото Воѓани ќе доживее промоција на регистрирањето на сертификатна марка “Воѓански кромид”. Организаторите од локалната самоуправа од Кривогаштани велат дека “Воѓанскиот кромид” влегува во групата на малкуте брендирани македонски земјоделски производи. Брендирањето се базира на традиционалниот начин на производство и специфичните климатски услови.     

Локалните власти ќе ги почестат гостите со богата трепеза на специјалитети од кромид, а манифестацијата ќе биде проследена со музичка забава.

Loading