Стартна криза

Пинг – понг

Почна првенството во Супер лигата за сениори и веднаш неочекувани резултати за Младост. Во 1. коло дома со 1-5 е загубен мечот со штипски Шампиони. Во второто коло во нешто подобро издание е доживеан пораз со 3-5 од Телеком Нец во Скопје. На табелата по максимални четири бода имаат Работнички и Телеком Нец, а претпоследен седми без бод е Младост.

Убава вест од Младост 96. Пионерот Александар Рикалоски освои второ место на турнирот во Куманово, во конкуренција на 20 учесници. Постигна четири победи и сопрен е дури во финалето од скопјанецот Мето Бужаровски. Мечот е загубен во петтиот сет на разлика 11-9. Формата е темпирана за наредните турнири и првенства.

Loading