ИСПИТ ВО СТРУМИЦА

Ракомет

Машкиот тим на Прилеп од коло во коло е сé подобар и време е да се сретне со најдобриот во Супер лигата, Зомимак. В сабота е гостувањето во Струмица кај лидерот на табелата со максимални 12 бода. Струмичаните дома со 28-19 го совладаа Охрид, 25-20 Тинекс, на гости беа подобри со 26-31 од Пелистер и со 26-32 од Работнички. После убедливиот триумф дома со 31-20 над Преспа, задачата на прилепскиот состав е што посилен отпор. Нов во екипата е бекот Кире Митревски, битолчанец кој настапуваше за Зомимак.

Табела: Зомимак 12, Металург девет, Прилеп и Охрид по седум.

Во женската Супер лига на ред е одложениот меч Жито Прилеп – Вардар.

Loading