СПОРНА 94 МИНУТА

Фудбал

Третолигашот Победа ги оправда очекувањата со достојно претставување во Купот, каде несреќно отпадна во осминафиналето од второлигашот Дрита. На реваншот во Боговиње, во драматичен финиш, гостите поведоа со голот на Јанкоски во 90 минута, а израмни Билбиловски во 94. Израмнувачкиот гол е спорен, поради тоа што пред акцијата топката требало да биде за гостите, кои ја исфрлиле да се укаже помош на играч. По идентични 1-1 на двата меча, се изведуваа пенали, каде со 3-1 славеше Дрита. За Победа останува третолигашкото првенство. По победата од 7-0 над 11 Октомври, в недела е гостувањето кај Дојранско Езеро.

Останати: Варош – Борец, Партизан – Г. Коњари, 11 Октомври – Млекар.

Табела: Победа и Превалец по 21, Вардар 18.

Loading