НОВИ 1000 РАБОТНИ МЕСТА ВО БИО – РАФИНЕРИЈА

Странски инвестиции во Мариово

– “Etanol Europe Renewabels“ од Ирска во соработка со компанијата „DuPont“ од САД за период од 5 години ќе инвестираат над 250 милиони евра

– Прилеп е избран за проектот, на кој ќе биде горда цела Европа  

Stranski investicii za dobroto na graganite planira premierot GruevskiЌе бидат вработени 1000 лица директно, а ќе има уште толку индиректни вработувања со инвестициите во прилепско Мариово, од страна на компаниите „Etanol Europe Renewabels“ од Ирска во соработка со компанијата „DuPont“ од САД. Тоа ќе значи целосно заживување на мариовскиот регион и поголем економски раст. Проектот ќе донесе значителен економски раст во руралните средини, придонесувајќи со повеќе од 100 милиони евра годишен извоз и намалување на стапката на невработеност преку директни и индиректни вработувања. Проектот е единствен во светот и неговата реализација ќе трае неколку години.

Во Владата вчера беше потпишан Меморандум за инвестицијата. Станува збор за две реномирани компании со долгогодишно искуство и експертиза на светскиот пазар во хемиската, фармацевтската и земјоделската индустрија, како и во развојот на алтернативните и обновливи извори на гориво.

Фабриката за етанол ќе почне да се гради во 2016-та година, а проектните активности ќе стартуваат две години подоцна.

– Проектот предвидува изградба на современа био-рафинерија со капацитет од 100 милиони литри наменети за светскиот пазар. Инвестицијата за 5 години ќе биде над 250 милиони евра – истакна Бил Павлески, министер за привлекување на странски инвестиции.

Според него, земјоделието е од влијателно значење за македонската економија. Речиси половина од населението живее во руралните области.

– Голем дел од земјоделските површини се напуштени и деградирани и не постои разумно очекување дека таквото земјиште за нашата генерација ќе може да се користи за продуктивни цели. Свесни за ваквата состојба, Владата во овој проект ја препозна можноста за ревитализација на земјоделскиот сектор во напуштените региони кои би достигнале над 15.000 хектари државно земјиште – истакна Павлески.

„Etanol Europe Renewabels” откри детали за инвестицијата.

– Етанолот од растителни извори е една од најзначителните замени за фосилните горива за автомобилите и домовите. Етанолот е една од најдобрите можности на располагање кои можат да ги вратат повторно во живот малку населените области. Го избравме Прилеп за изградба на проектот на кој ќе биде горда цела Европа. Ќе работиме на големо напуштено земјиште. Растенијата ќе произведуваат големи количества на јаглерод и напуштеното земјиште ќе го направат продуктивен дел од македонската економија. Овој проект е единствен во светот и неговата реализација ќе трае неколку години – истакна Марк Тарли, претседател на  компанијата “Etanol Europe Renewabels“.

Освен големиот број на работни места, директорот најави и постојан железнички сообраќај од Прилеп кон Солун.

Инвеститорите се благодарни на Владата, која две години работела со нив пред да се најави оваа инвестиција.

– Веќе градиме фабрика за целулозен етанол во САД. Проектот таму, ќе биде пример за проектот кој ќе се прави овде. Со проектот гледаме можност за големи придобивки за земјоделството и земјоделците околу и тука. Лидери сме во земјоделството и продуктивноста е многу важна за нас. Можеме да ја потврдиме изводливоста и придобивките за руралната заедница – истакна првиот човек на „DuPont“ од САД, Јан Конинг.

Проектот ќе донесе големи промени и придобивки во македонското земјоделство.

Loading